13
19
images
kak-sdelat-ventilyaciyu-v-chastnom-dome-47
odrzavanje-600x365
ventilyaciya-v-karkasnom-dome-svoimi-rukami-skhema
The-Latest-Innovations-in-Air-Conditioning-Technology-1024x576
previous arrow
next arrow

ОДРЖУВАЊЕ

Нудиме услуга на редовно и превентивно одржување на опрема и инсталации со голем број приватни компании и јавни институции.

Нашата услуга вклучува одржување на системите за греење, ладење, климатизација, вентилација, дистрибуција на гас котловски постројки кои подготвуваат пареа или топла вода, топлински подстаници, системи за искористување на отпадната енергија, системи за производство топлинска енергија од обновливи извори на енергија и друго.

После изведбата на машинските проекти, нашата фирма продолжува да се грижи за опремата и инсталациите на нашите корисници преку договори за одржување предвидени во гарантниот рок или преку договори за одржување и интервенција, сето тоа во согласност со законските прописи.

Преку редовно одржување и сервисирање го проверуваме машинскиот систем, посочуваме потенцијални проблеми, даваме совети и техничка поддршка и во договор со корисниците пристапуваме кон отстранување на можните дефекти.

Се трудиме да одговориме на барањата за интервенција што е можно поскоро и попрофесионално за да овозможиме непречено функционирање на енергетскиот систем од корисниците.

13
19
images
kak-sdelat-ventilyaciyu-v-chastnom-dome-47
odrzavanje-600x365
ventilyaciya-v-karkasnom-dome-svoimi-rukami-skhema
The-Latest-Innovations-in-Air-Conditioning-Technology-1024x576
previous arrow
next arrow