Building & Enginerring Design(1)
10-7472-
Civil-Engineering-Jobs-in-Nashik
images
ing1
large
obystrojstvo_ventilyacii_na_potolok_03-2
mechanical-engineering-scholarships
unnamed
project
3
previous arrow
next arrow

ПРОЕКТИРАЊЕ

Во состојба сме да ви понудиме изработка на комплетна проектна документација за сите видови машински проекти, како и стручен надзор над нивното реализирање.

Нашиот проектен тим е одговорен за креирање на проектна документација, инженеринг и консалтинг, како и професионален и проектен надзор над извршувањето на проекти.

Нашиот тим може да креира машински проекти за:

– Проекти на централни системи за греење, ладење, климатизација и вентилација на индустриски, комерцијални и станбени објекти;

– Проекти за котловски постројки кои подготвуваат пареа или топла вода со користење на сите видови на гориво и термални подстаници за потребите на индустриски, комерцијални и станбени објекти;

– Проекти за искористување на отпадната енергија во индустриски и комерцијални објекти;

– Проекти за производство и дистрибуција на компримиран воздух;

Главната наша задача е да се обезбеди висок квалитет на завршените проекти со акцент на воведување нови технологии, нови стандарди во областа на заштеда на енергија, заштита на животната средина, употреба на алтернативни извори на енергија, а со тоа и намалување на инвестициите и оперативното одржување.