
























ИЗВЕДБА
Нашата компанија е специјализирана за изведување на машински проекти со вградување на инсталации, опрема и уреди во системите за греење, ладење, климатизација, вентилација, дистрибуција на гас и друго со вклучена автоматска регулација.
Во индустриските комплекси нудиме изведба на машиски проекти за котловски постројки кои подготвуваат пареа или топла вода со користење на сите видови на гориво, топлински подстаници во рамките на индустриските комплекси или за далечинско греење во населени места, системи за искористување на отпадната енергија, системи за производство топлинска енергија од обновливи извори на енергија и друго.
Нашите инженери се професионално обучени да управуваат со изведбата на машинските проекти и заедно со тимот на монтери и сервисери се гаранција за успешна реализација.
Располагаме со алати, опрема, машини, кои ги исполнуваат сите барања за изведување на најсложените машински инсталации согласно законските прописи.
